Top Sport

Ријана му носи среќа на Озил?

Поп-ѕвездата Ријана повторно беше на „Емирати“ во саботата, за да гледа како Арсенал со 5:1 го „здроби“ Евертон, по што германскиот ас Месут Озил вели дека пејачката од Барбадос му носи среќа.

Ријана одамна е позната како голем љубител на фудбалот, откако за време на Светското првенство во Бразил изненади со познавањето на фудбалските работи преку Твитер, а исто така имаше и кратка врска со напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

„Уште сме непоразени со Рири! Таа носи среќа“, напиша Озил на Твитер по мечот, посочувајќи дека таа беше присутна на финалето на СП во 2014, кога Германија ја совлада Аргентина.

Можеби Арсенал треба да размисли да ѝ даде сезонски билет!

Scroll to Top