Top Sport

Нејмар ги „крена“ ПСЖ на 13 поени разлика (видео)

Пари Сен-Жермен се одвои на 13 поени пред Марсеј на првото место во Лига 1, откако Нејмар беше стрелец на единствениот гол на гостувањето во Тулуз.

По 2:2 ремито на Сент-Етјен и Марсеј, тимот на Унаи Емери ја искористи шансата да го зголеми водството на врвот на лигата. Иако изгледаше дека Нејмар заработи рана повреда, тој играше цели 90 минути пред клучното гостување кај Реал Мадрид во ЛШ во среда, но Единсон Кавани не беше во стартниот тим.

Нејмар во 68. минута помина двајца дефанзивци, и со помош на дефанзивецот на Тулуз, Иса Диоп ја смести топката во мрежата. Ова беше 19. гол за Нејмар во Лига 1, а уште поимпресивно тој двапати ја погоди рамката на голот во мечот.

Scroll to Top