Top Sport

Башиќ преку Вавринка до софиското финале

Босанскохерцеговскиот квалификант Мирза Башиќ се пласираше во своето прво АТП финале, откако со 7:6(6)/6:4 го победи првиот фаворит на Софија опен, Швајцарецот Стен Вавринка.

„Ова е навистина голема победа за мене. Сервирав одлично во двата сета, и нормално дека сум пресреќен. Стен е голем тенисер, но се обидував да останам фокусира на секој поен и сега ми треба одмор“, вели Башиќ.

Во финалето, Башиќ ќе се судри со Романецот, Мариуш Копил, кој со 6:4/6:2 беше подобар од Словакот Јозеф Ковалик. Башиќ има 2-0 скор против Копил.

Scroll to Top