Бразилскиот фудбалер Нејмар се степал со спортскиот директор Луис Кампос во соблекувалната. Инцидентот се случил по поразот на ПСЖ од Монако (1:3).
ПСЖ во Монте Карло настапи без Мбапе, Меси и Верати. Клубот по поразот објави дека овие тројца ќе бидат подготвени за првиот натпревар против Баерн, во Лигата на шампионите (вторник, 21 часот).
Не е тајна дека атосферата во соблекувалната на ПСЖ е лоша. Спортскиот директор имал замерки за залагањето и борбеноста на теренот.
„Лекип“, пишува дека Нејмар имал што да му каже на Кампос кога тој им се обратил на сите во соблекувалната. Според овој извор во расправијата се вклучил и капитенот Маркињос.
Наводно, потоа дошло и до физички конфликт, а останатите фудбалери скокнале да ги разделат Нејмар и Кампос.
Поразот од Монако беше втор за ПСЖ во краток временски период. Претходно тие беа елиминирани од најголемиот ривал Олимпик Марсеј во Купот на Франција.