Top Sport

Нејмар го спаси Сантос, сега ќе оди на операција

Бразилскиот фудбалер, Нејмар повторно го очекува долга пауза. Нејмар мора да го оперира коленото, а се уште не е познато колку долго ќе отсуствува од фудбалските терени.

Нејмар, доби ултиматум од новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, дека ќе патува на Светското првенство, само ако целосно се опорави.

Бразилецот призна дека ќе се подложи на операција на коленото, по натпреварот со Крузеиро, каде Сантос славеше и со тоа си го обезбеди опстанокот во друштво на најдобрите.

„Затоа дојдов, да помогнам колку што можам. Ова беа тешки недели за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа. Да не беа тие, немаше да можам ниту да ги играм сите овие натпревари поради повреди. Сега ќе одморам малку, а потоа ќе морам да се оперирам на коленото“, рече Нејмар.

Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ рече дека достигнал една од најниските точки во својата кариера.

„Порано одев на терапија кај психолог, но не затоа што бев во лоша состојба, туку затоа што сакав да се подобрам, да бидам уште подобар. Но, сега за прв пат го допрев дното. Мислам дека сум психолошки силен, дека можам да се справам со многу, но овој пат не успеав“, рече Нејмар.

foto/ freerangestock

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');