Бразилецот Нејмар, изминатите неколку години, од платата и споснзорските договори,успеа да инкасира голема сума на пари. Тој минатото лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот откако за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.
Неделните приходи на Нејмар, од платата во ПСЖ и спонзориските договори, изнесува 775.000 фунти. Бразилецот парите најмногу ги троши на скапи автомобили, иако во својата гаража има и „Фолксваген Туарег“ од „само“ 44.000 фунти.
Најскап автомобил што го поседува Бразиелцот е „Maserati MC12“. Овој авотмобил во светото го поседуваат само 50 луѓе, а неговата цена е 415.000 фунти. Во колекцијата Нејмар го има и моделот на „Ferrari 458 Italia“ вреден 160.000 фунти.
Нејмар, во гаражата, има и неколку модели на „Audi“. Најскап е моделот „R8Spyder“ вреден 120.000 фунти, а за моделите „Q7“ и „RS7“, платил 200.000 фунти.
Последен автомобил што го купил е „Porche Panamera“ по цена од 115.000 фунти.
Инаку, Нејмар поседува и свој приватен авион за кого платил шест милиони фунти. Во минатото Бразилецот поседуваше и луксузна јахта, која бразилските власти во 2015 година му ја конфискуваа поради даночно затајување.