Top Sport

Нејмар и ПСЖ во отворена „војна“ – клубот ќе го казни за отсуство од тренинзите

Пари Сен-Жермен ветија дека ќе го казнат Нејмар, откако бразилскиот ас не се појави на тренинзите пред стартот на сезоната, потврди францускиот шампион.

„Денеска, на 8 јули, Нејмар да Силва Сантош Јуниор беше повикан да продолжи со активностите на Пари Сен-Жермен. Тој не се појави на договореното место и во договореното време без да добие дозвола од клубот. ПСЖ ќе ги преземе потребните мерки по ова однесување“, се вели во соопштението на францускиот шампион.

Нејмар заедно со својот син вчера беше присутен на „Маракана“, каде што бразилската репрезентација стигна до деветтата титула од Копа Америка по 3:1 победата над Перу. Таткото на Нејмар и негов менаџер, Нејмар Сениор за „Фокс Бразил“ изјави дека е изненаден од соопштението на клубот бидејќи тие знаеле дека тој нема да се врати во Париз до 15 јули поради обврски во Бразил.

Овој конфликт во францускиот шампион доаѓа по повеќе месеци шпекулации дека Бразилецот прави сè да се врати во Барселона и наводно јавно им кажал на првите луѓе на ПСЖ дека нема намера да остане во клубот.

Scroll to Top