Иднината на Нејмар веќе некое време е неизвесна, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината.
Во еден момент, медиумите го селеа во Европа, се споменуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент.
Според каталонски „Спорт“, Нејмар има две опции. Прва опција е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил.
А втората е трансфер во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер од Мајами. Таму би го чекале неговите соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.
Нејмар сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но за тоа ќе му треба континуитет и сериозен фудбал. Затоа сакал да се врати во Европа, но истиот извор наведува не постои интерес за неговите услуги на „Стариот континент“.
