Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, ја доби наградата „Самба голд“ за 2021 година. Наградата му се доделува на најдобриот Бразилец во Европа. Нејмар лауреат беше и во 2020 година.
Нејмар, не е во конкуренција за тимот на ПСЖ, поради повреда. Од почетокот на сезоната, во Лига 1 има одиграно само 10 натпревари.
Нејмар е играч на ПСЖ од 2017 година, кога за рекордни 222.000.000 евра го реализираше трансферот од Барселона. Неодамна го продолжи договорот до јуни 2025 година.
Наградата „Самба голд“ се доделува од 2008 година. Нејмар е рекордер, пет пати ја добил наградата, зад него е Тијаго Силва со три. По еднаш лауреати биле Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Филипе Кутињо, Мајкон, Луис Фабијано и Кака.