Пласманот на фудбалерите на Пари Сен Жермен во осмина-финалето, во Купот на Франција, не развесели никого во клубот, бидејќи теренот пред време, поради повреда го напуштил Нејмар. Првите прогнози околу повредата на најскапиот светски фудбалер не се добри.
Нејмар, теренот го напуштил поради повредата на десната нога, а медиумите шпекулираат дека повредата е иста како и минатата година, кога мораше да биде опериран, поради што пред време ја заврши сезоната.
Француските медиуми објавија дека, исто како и минатата година, станува збор за фрактура на метатарзалната коска на десната нога. Истите извори пишуваат дека Нејмар нема да игра за ПСЖ на 12.февруари, на првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, на „Олд Трафорд“.
Од клубот се уште не се огласиле по повод повредата на Нејмар. По мечот само тренерот Томас Тухел изјавил дека Нејмар е малку загрижен бидејќи ја повредидл истата нога.