Нејмар ќе го пропушти, како што стојат работите, првиот натпревар на репрезентацијата на Бразил претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.
На 14 јуни, Бразил ќе игра против Мароко во Групата Ц, а според последните информации објавени од шефот на медицинскиот тим на Бразил, Анчелоти нема да може да се потпре на ѕвездата на тимот за тој дуел.
Докторот на репрезентацијата, Родриго Ласмар, ги информираше новинарите за состојбата на повредата на Нејмар во кампот на репрезентацијата и потврди дека Нејмар ќе биде надвор од теренот две до три недели.
Ова значи дека тој ќе ги пропушти пријателските натпревари пред Светското првенство и, како што споменавме, првиот натпревар на турнирот против Мароко.
Потоа треба да биде подготвен за натпреварите против Шкотска и Хаити.
„Нејмар се појави тука во базата вчера, ги помина сите медицински прегледи и магнетната резонанца откри повреда на листот од втор степен, а не само едем. Се очекува да биде подготвен за две до три недели“, објави Ласмар.
Дијагнозата што ја поставија лекарите на Федерацијата е различна од онаа што ја добија од клубот на Нејмар, Сантос, пред да го повикаат фудбалерот во репрезентацијата.
Родриго Зогаиб, шеф на медицинскиот тим на Сантос, рече дека проблемот на Нејмар е само едем и дека тој ќе биде подготвен да започне со тренинзи со репрезентацијата на 27 мај, но тоа очигледно таа дијагноза не била точна.
Foto/ Depositphotos
