Top Sport

Нејмар ќе ја прифати понудата од Ал Хилал

Нејмар да Силва Сантос Јуниор, бразилската фудбалска суперѕвезда, е многу блиску до преселба на Арапскиот Полуостров, пишува новинарот Фабрицио Романо. Според италијанскиот инсајдер, фудбалерот на Пари Сен Жермен е во напредна фаза на преговори со Ал Хилал од Ријад.

Романо наведува дека Саудијците доставиле понуда до претставниците на Нејмар. Поради финансискиот дел од понудата Нејмар бил „заинтересиран“ за овој трансфер.

Нејмар и понатаму го држи рекордот за најскап трансфер во историјата на фудбалот. Летото во 2017 година се пресели од Барселона во Пари Сен Жермен, за 222 милиони евра.

На „Паркот на принцовите“ во тек е целосна реконструкција на тимот, а останува да се види каква ќе биде иднината на уште една суперѕвезда, Килијан Мбапе.

Во актуелниот преоден рок Ал Хилал на засилувања потроши 178 милиони евра. Во тимот предводен од Жорж Жесус, меѓу другите се Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Малком.

Scroll to Top