Top Sport

Нејмар ќе добие најмалку три натпревари суспензија

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, се соочува со суспензија во европските натпревари, бидејќи жестоко на „Инстраграм“ го критикуваше судењето на мечот со Манчестер Јунајтед, во Лигата на шампионите.

Нејмар, кој поради повреда не играше против Манчестер Јунајтед, тешко ја поднесе елиминацијата на неговиот тим. „Тајмс“ наведува дека УЕФА би можела да му изрече суспензија на три натпревари.

Претходно, УЕФА соопштија дека поради коментарот, покренале истрага против Бразилецот.

„Ова е срамно. Ставиле четворица што не се разбираат во фудбал да ја гледаат повторената снимка…Ова не постои!!! Па како може во ваква ситуација зад грб да ги стави рацете. Е…е се!!!“, напишал Нејмар, алудирајќи на употребата на ВАР-технологијата.

Манчестер Јунајтед, голот што ги однесе во четврт-финалето, го постигнаа во последните моменти, откако судијата Дамир Скомина по прегледувањето на снимката досуди пенал.

Колкава ќе биде суспензијата за Нејмар, УЕФА ќе објави на 28 март.

Scroll to Top