Top Sport

КК Олимпијакос сака да игра во АБА-лигата

Директорот на АБА-лигата, Крешимир Новосел, потврдил дека кошаркарскиот клуб Олимпијакос сака да се вклучи во регионалното натпреварување.

Шпекулациите дека Олимпијакос сакаат да се натпреваруваат во АБА-лигата започнаа по скандалот во Купот на Грција, кога играчите на овој клуб во полувремето на мечот со Панатинаикос останаа во соблекувалната, незадоволни од судењето.

Потоа челниците на клубот побараа натпреварите што во иднина ќе ги играат со Панатинаикос да ги судат судии од странство.

„Одржавме прелиминарни разговори. Не контактираа од Олимпијакос. Сакаат да ги дознаат деталите околу учеството во АБА-лигата“, изјавил Новосел.

Во минатото, во АБА-лигата, учествувале тимови надвор од просторите на поранешна Југославија. Дел од лигата биле Макаби од Тел Авив (Израел), Нинбурк (Чешка), Лефски (Софија) и Сонлок (Унгарија).

Scroll to Top