Локалните власти во Казан, Татарстан му ветија на бразилскиот фудбалер Нејмар земја, но само доколку тој постигне хет-трик во утрешното четврт-финале против Белгија.
„Сакавме да направиме нешто посебно. Ако Нејмар навистина постигне хет-трик, ќе најдеме спонзор кој ќе му купи парче земја. Колку добро би било да имате сосед како Нејмар?“, вели градоначалникот на Казан, Илсур Метшин.
Бразилската репрезентација веќе пристигна во престолнината на Татарстан, каде што ги дочека гласна публика пред нивниот хотел. Петочниот меч ќе биде последен во Казан.
Фото: ЕПА