Top Sport

Нејмар ќе пропушти три натпревари

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, ќе ги пропушти наредните три натпревари на ПСЖ. Бразилецот се повреди, во средата, на натпреварот во Истанбул против Башакшехир, во Лигата на шампионите.

Нејмар теренот во истанбул го напушти во 26 минута. Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, открил дека Нејмар има проблем со мускулот.

Како стојат работите, Нејмар ќе ги пропушти натпреварите кои ќе се одиграат до репрезентативната пауза. ПСЖ ќе игра против Нант (31.октомври), Лајоциг (4.номеври) и Рен (7.ноември).

Од почетокот на сезоната, Нејмар, во Лига 1 има одиграно четири натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Scroll to Top