Два месеци откако беше на операција на стапалото, суперѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар се врати во Франција за да ја продолжи рехабилитацијата по критиките дека предолго се задржал во родниот Бразил.
Нејмар го скрши стапалото во март, по што беше на операција и доби дозвола од клубот да замине во Бразил, каде што ја почна рехабилитацијата. Тој се надева дека ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија, а од ПСЖ неколку пати најавија дека го очекуваат во составот во финишот на сезоната.
Нејмар во петокот попладне пристигна на аеродромот во Ле Бурже, помалиот аеродром во близината на Париз, но секако не успеа да помине незабележано.