Top Sport

Нејмар: Критиките за театралноста беа претерани (видео)

Бразилската фудбалска мегаѕвезда Нејмар вели дека по поразот на неговата репрезентација од Белгија во четврт-финалето на СП во Русија воопшто не можел да ја погледне фудбалската топка и не ги гледал натпреварите до крајот на Мундијалот.

„Не би одел дотаму да кажам дека не сакав да играм повеќе, но навистина не сакав да ја погледнам топката или да гледам како се игра фудбал. Како да тагував. Но, тоа помина, тука е мојот син Дави Лука, моето семејство, моите пријатели, кои не сакаа да ме гледаат така. Имам повеќе причини да бидам среќен отколку тажен“, вели 26-годишниот Нејмар во ексклузивно интервју со „АФП“.

Тој одговори и на критиките за театралните падови на СП во Русија, велејќи дека судиите требале подобро да го заштитат.

„Луѓето беа побрзи со критиките кон тие кои беа фаулирани, отколку кон тие кои фаулираа. Отидов на СП да играм фудбал, да бидам подобар од противниците, не да ме шутираат. Критиките беа претерани, но јас сум големо момче и навикнат сум на такви работи. Јас не можам да бидам судија и да играм во исто време“, инсистира Нејмар, зборувајќи на својот турнир за мал фудбал во Бразил.

Тој оваа недела врати кон критичарите со видео во кое ги учи децата како да паѓаат како него.

Scroll to Top