Скапо го плати француски ПСЖ пласманот во финалето на Купот. Во мечот за трофеј „Светците“ нема да може да сметаат на Бразилецот Нејмар.
Тој во полуфиналето против Монпелје во игра влезе во 86 минута, а во 90 минута доби жолт картон, па автоматски заработи суспензија за финалето.
Поради целата ситуација, Нејмар на Инстаграм упати иронична порака до судијата:
„Играв 5 минути, направив грешка и казнет сум без размислување. Благодарам ме извлековте од финалето“.
Инаку ПСЖ до финалето стигна по подоброто изведување пенали откако во регуларниот дел мечот заврши 2-2.
Во второто полуфинале четвртолигашот ГФА74 го дочекува тимот на Монако.