Top Sport

Нејмар лут на тие кои го обвинуваат дека е плачко и фудбалер што само паѓа

Нејмар во лут пост на Инстаграм ги нападна своите критичари откако доби повреда која ќе го отстрани од дуелот од Лигата на шампионите против неговиот поранешен клуб Барселона минатата недела.

Бразилецот ќе паузира околу четири недели, така што е во трка за времето за реваншот на 10 март и тој јасно ја кажа својата фрустрација на социјалните мрежи.

„Тагата е голема, болката е огромна, а плачењето е постојано. Повторно ќе морам да сопрам да го правам тоа што го сакам најмногу во животот да играм фудбал. Понекогаш се чувствувам неудобно поради мојот стил на игра, бидејќи дриблам и секогаш ме удираат. Не знам дали е проблемот во мене или во тоа што го правам на теренот. Ме растажува кога ќе слушнам од фудбалер, тренер, коментатор или кој било друг дека треба да ме ‘удрат’, дека ‘паѓам’, ‘плачам’, дека сум ‘дете’ и ‘разгален’. Не знам колку можам да го изддржам тоа. Само сакам да сум среќен и да играм фудбал. НИШТО ДРУГО“, напиша Нејмар.

Scroll to Top