Top Sport

Нејмар: Мојата среќа во ПСЖ му ја должам на Мбапе

Нејмар ужива да игра покрај Килијан Мбапе во тимот на ПСЖ. Овие двајца ја режираа победата на „светците“, во Минхен, против Баерн (2:3), во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Бразилецот, кој два месеци не играше поради пореда, не крие дека е воодушевен од својот млад соиграч.

„Мојата среќа му ја должам на Мбапе. Трогнат сум од тоа каква личност е тој. Килијан е внимателен, секогаш среќен, љубезен кон сите. Тој е прекрасна личност. Поради тоа сјајно соработуваме од првиот ден“, рекол Нејмар.

Можно е со оваа изјава Нејмар да сака да му испрати порака на Мбапе да остане во ПСЖ. Договорот на Мбапе, истекува во јуни 2022 година, а според медиумите тој ги одбил сите побуди за продолжување на соработката. Доколку клубот не се договори со него, тогаш Мбапе ќе замине од Пари во летниот преоден рок.

Scroll to Top