Top Sport

Мајстор – Дончиќ погоди од соблекувалната

Далас Маверикс, со Лука Дончиќ, доживеаја убедлив пораз од Филалделфија Севентисиксрес (113:95). Филаделфија ја предводеше камерунскиот центар, Џоел Ембид со 36 поени.

На спротивната страна, Дончиќ, забележа 32 поени и по четири скока и асистенции.

Словенецот, на натпреварот покажа се од својот богат репертоар, но најимпресивниот потег го изведе пред почетокот на мечот.

На загревањето постигна кош од „соблекувалната“. И тоа каков. Додека одеше кон соблекувалната, најпрвин покажа фудбалски вештини, жонглираше со кошаркарската топка, а потоа пред влезот во ходникот шута од голема далечина и погоди.

 

Scroll to Top