Top Sport

Нејмар мора да ѝ плати на Барселона

Нејмар го загуби судскиот спор со својот поранешен клуб Барселона. Бразилецот го тужеше клубот поради неисплатените бонуси.

Нејмар ја напушти Барселона во јули 2017 година, тој за рекордни 222 милиони евра тогаш се пресели во ПСЖ.

Откако го стави потписот на договорот со ПСЖ Барселона го тужеше Нејмар. Клубот побара тој да го врати бонусот кој го добил од клубот бидејќи го продолжил договорот. На тужбата на Барселона Нејмар одговори со контра-тужба.

„Пресудата во целост го отфрла брањето на играчот да му бидат исплатени 43,6 милиони евра. Судот ги прифати аргументите кои ги приложи Барселона. Покрај тоа Нејмар на клубот треба да му врати 6,7 милиони евра“, соопшти фудбалскиот клуб Барселона.

Scroll to Top