Напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани не успа да реализира пенал на натпреварот со Троа во рамките на 15.коло во француското првенство.
Прекршокот за пеналот беше направен токму врз Кавани. Откако судијата покажа на „белата точка“, Уругваецот побара дозвола од Нејмар да го изведе пеналот, овој му дозоволи, а Кавани не беше прецизен, поточно неговиот удар го одбрани голманот на Троа Самаса.
За потсетување, пред неколку месеци Кавани и нејмар се најдоа во центарот на вниманието на спортската јавност, откако се испокараа на мечот против Лион кој да биде изведувач на пеналот.
По таа караница започнаа шпекулациите дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ и дека Кавани по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Премиер лигата.
Нешто подоцна овоие двајца ги „испеглаа“ односите, а изведувач на пеналите стана Нејмар.
PSG win a penalty. Cavani asks Neymar if he can take it.
You can guess what happened next… ?♂️?♂️?♂️ pic.twitter.com/Eq2PhD8vTI
— Goal (@goal) November 29, 2017