Top Sport

Нејмар му се доверил на Марсело: Сакам да играм во Реал

Новинарот Едуардо Инда кој работи за телевизијата „El Chiriguito“, тврди дека Нејмар изразил желба да игра за Реал Мадрид.

Според неговите зборови, Нејмар на соиграчот од репрезентацијата Марсело му рекол дека сака да се врати во Шпанија и дека негов избор е „кралскиот клуб“.

Медиумите, речиси цела оваа сезона, го поврзуваат Нејмар со ПСЖ, меѓутоа таткото на фудбалерот неодамна изјави дека неговиот син ќе остане во Париз.

Бразилецот, во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, од Барселона се пресели во редовите на ПСЖ.

Инако, новинарот Едуардо Инда, минатото лето прв ја објави информацијата дека Кристијано Роналдо за 100 милиони евра ќе стане играч на Јувентус.

Scroll to Top