Top Sport

Рио Фердинанд се враќа во Манчестер Јунајтед

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, наскоро би можел да биде промовиран во нов спортски директор на клубот од „Олд Трафорд“. „Дејли Мејл“ пишува дека Фердиднад веќе се сретнал со потпретседателот Ед Вудворд и сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

Фердинанд за „црвените ѓаволи“ играл во периодот од 2002 до 2014 година. Јунајтед за него на Лидс им платиле 25 милиони фунти.

Со Манчестер Јунајтед шест пати ја освоил Премиер лигата, еднаш Лигата на шампионите, четири пати Суперкупот на Англија и два пати Лига купот.

Scroll to Top