Нејмар вели дека младите луѓе воопшто не се поврзани со бразилската репрезентација, сметајќи дека тимот станал многу „далечен“ за обичните луѓе. Ѕвездата на ПСЖ смета дека новата генерација воопшто не зборува за „Селесао“, иако тие немаат пораз во првите 15 меча од квалификациите за Светското првенство во Катар.
„Не знам што се случи, но малку се зборува за нашите мечеви денеска. Тажно е да се живее во оваа генерација каде што бразилската репрезентација не изгледа многу важна кога игра“, вели Нејмар.
Тој во минатото призна дека носењето на жолто-зелениот дрес носи огромен притисок и дека негативно влијаело на неговото ментално здравје. Нејмар најави повлекување од репрезентацијата по Светското првенство во Катар оваа година.