Top Sport

Дончиќ повеќе сака Реал да го освои Купот отколку тој да добие МВП награда

Лука Дончиќ не може да заборави на својата стара љубов, Реал Мадрид, откако призна дека повеќе би сакал „кралевите“ денеска да го освојат Копа дел реј во пресметката со Барселона, отколку тој да стане МВП на Ол-Стар викендот во Кливленд.

Словенечката ѕвезда на Далас маверикс, прво на вчерашната прес-конференција ги „предупреди“ новинарите дека имаат само една минута бидејќи мора да го гледа Реал, пред денеска на прашање што би сакал повеќе Реал да го освои купот или тој да стане МВП даде краток одговор.

„Реал Мадрид да ја освои Копа дел реј, нормално. Лесен избор“, одговори Дончиќ.

Scroll to Top