Top Sport

Нејмар на суд: Не преговарав, потпишав тоа што ми кажа татко ми!

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар пред судот во Барселона изјави дека не учествувал во преговорите за неговиот трансфер од Сантос во „клубот од детските соништа“ Барселона во 2013 година и дека потпишал тоа што му кажал неговиот татко.

Бразилската инвестициска компанија „ДИС“ го тужи Нејмар, неговото семејство, Барселона и Сантос за измама откако сметаат дека не ги добиле потребните пари за неговиот трансфер, и ако Нејмар биде прогласен за виновен му се заканува затворска казна од пет години. Покрај Нејмар на суд се и поранешниот претседател на Барса, Сандро Росел, како и претставници на двата клуба.

„Не учествував во преговорите. Мојот татко секогаш се грижеше за тоа и ќе продолжи да биде така. Ќе потпишам тоа што тој ќе ми каже. Да се игра за Барселона беше секогаш мојот сон, сон од детството“, изјави Нејмар.

Се очекува судењето да заврши до крајот на октомври.

Scroll to Top