Top Sport

Нејмар најавува сензационален трансфер

Нејмар потврди дека би сакал повторно да игра со Лионел Меси и на тој начин им даде материјал за пишување на медиумите дека сака да ја напушти Саудиска Арабија.

Бразилскиот напаѓач, минатото лето се пресели во Ал Хилале повреден подолго време, а според некои пишувања можеби веќе го одиграл последниот натпревар за саудискиот клуб.

Меси моментално е член на Интер Мајами каде што е опкружен со поранешните соиграчи од Барселона Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс. Играше со Нејмар во Пари Сен Жермен, а со него и Суарез го формираа легендарното напаѓачко трио на Барса МСН.

„Се надевам дека повторно ќе играме заедно. Лео е одлична личност. Мислам дека е среќен, а ако е среќен, јас сум среќен поради него”, изјави неодамна Нејмар.

Не е тајна дека Нејмар има желба да се испроба во МЛС. Минатата година на прашањето дали ќе се пензионира во родниот Бразил, тој одговори дека не е сигурен во тоа и дека со задоволство ќе игра во Соединетите Американски Држави.

Нејмар минатата година пристигна во Ал Хилал и потпиша договор до крајот на сезоната 2024/25, наводно за 200 милиони евра. Пред повредата постигна еден гол на пет натпревари.

Scroll to Top