Нејмар го пропушти доделувањето на наградите за најдобри фудбалери во француската Лига 1, каде што беше вклучен во тимот на годината, и наместо тоа замина на дружба со поп-дивата Ријана.
По долгата сезона во која среќата не му беше наклонета и се мачеше со повредата на стапалото, Бразилецот ја искористи паузата пред настапите за Бразил на Копа Америка за средба во Париз со Ријана, за што двајцата се пофалија на Инстаграм.
„Кралица и моќна жена“, напиша Нејмар на Инстаграм.