Top Sport

Нејмар: Навистина сакам да играм под Пеп Гвардиола

Околу иднината на најскапиот фудбалер на светот, Нејмар се напишаа многу работи, а сега самиот Бразилец стави масло на огнот со откривање за тоа под кој тренер најмногу би сакал да работи.

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен минатото лето замина од Барселона, а веќе се шпекулира дека сака трансфер во Реал Мадрид, но тој вели дека само еден тренер го привлекува – Пеп Гвардиола, шефот на Манчестер сити.

Нејмар не работеше со Гвардиола во Барселона, бидејќи пристигна една година откако тој замина од каталонскиот клуб. Бразилецот уште во 2016 година зборуваше за неговата почит кон Гвардиола, и тоа чувство се нема загубено.

„Секогаш сум сакал да работам со Гвардиола. Јас пристигнав во Барселона кога тој замина. Тоа е единствен тренер под кој навистина би сакал да работам“, изјави Нејмар во интервју за „ЕСПН Бразил“.

Дали ова е сигнал до челниците на Манчестер сити, кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати да се обидат да се договорат со своите бизнис ривали, кралското семејство на Катар, кои се сопственици на Пари Сен-Жермен, останува да се види.

Scroll to Top