Top Sport

Заканите за бомби во Киев, за среќа се покажаа како лажни

Украинската полиција ги затвори метро-станиците Днипро, Хидропарк, Ливобережна, Арсенална и Хероив Днипра по телефонските закани за поставени бомби, но на крајот ова се покажа како лажна информација.

За среќа, ниту една од овие станици не се наоѓа во близината на стадионот „Олимписки“, каде што се концентрирани навивачите на Реал Мадрид и на Ливерпул пред финалето на Лигата на шампионите.

„Анонимните закани тврдеа дека постојат закани за бомбашки напад на овие станици. Тие беа затворени, а истрагата продолжува. По кратката пауза, тие се отворени“, се вели во соопштението на метро-системот.

Околу стадионот на кој вечерва ќе се одлучува владетелот на европскиот фудбал има огромен број на полициски сили.

Фото: ЕПА

Scroll to Top