Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, експресно демантираше дека неговиот клуб е заинтересиран за фудбалерот на ПСЖ, Нејмар.
„Жал ми е што морам да ве демантирам, но тие информации не се точни. Нејмар е неверојатен фудбалер и според она што го слушнав е одлично момче, но не е точно дека преговараме за неговиот трансфер. Според медиумите, Сити сака секое лето да купи 150 играчи“, изјави Гвардиола.
Сепак, англиските медиуми додаваат дека токму Гвардиола се спротивставил на доаѓањето на Нејмар бидејќи не го гледа во својот тим.
Не е сигурно дека Бразилецот ќе остане во Париз ова лето бидејќи клубот на секој начин се обидува да се ослободи од него и од неговите преголеми приходи. Особено сега кога е потпишан нов договор со Килијан Мбапе.