Нејмар не сака да го напушти ПСЖ, тврди таткото на фудбалерот Нејмар сениор. Бразиелцот се поврзува со трансфер, најчесто во Реал, уште од времето кога од Барселона за рекордни 222 милиони евра се пресели во Париз.
„Договорот со ПСЖ му важи уште долго“, рекол Нејмар сениор.
„Ова е втората сезона, а дури ни таа не завршила. Шпекулации за негово заминување секогаш ќе има. Нормално е клубовите да сакаат играч каков што е Нејмар. Меѓутоа тој сака да остане тука. Невивачите немаат причина да бидат загрижени“, заклучил таткото на фудбалерот.
Нејмар отсуствува од фудбалските терени уште од јануари, кога на натпреварот со Стразбург ја повреди метатарзалната коска во стапалото.
Минатата недела Бразиелцот започна да тренира со соиграчите.