Top Sport

Нејмар не си отиде од Барса поради Меси, вели таткото

Нејмар не си замина од „Ноу Камп“ бидејќи се чувствувал „во сенка на Лионел Меси“, инсистира неговиот татко, кој исто така посочи дека не верува дека неговиот син ќе заврши во Реал Мадрид.

Бразилецот си замина од Барселона откако Пари Сен-Жермен ја платија откупната клаузула од рекордни 222 милиони евра. Тој помина четири години во Каталонија со 105 гола во 186 настапи и се веруваше дека во Париз сака да има главна улога наместо да биде „поддршка“ за Лео Меси. Неговиот татко вели дека не е така.

„Мојот син не замина од Барса поради Меси. Кога доби повик од емирот Ал-Тани, кој покажа интерес да донесе ѕвезда во амбициозен тим, ние решивме дека тоа е вистински потег“, вели Нејмар Сениор.

Веднаш по овој трансфер почнаа шпекулациите дека Реал Мадрид се подготвени да дадат многу пари да го донесат на „Сантијаго Бернабеу“, иако неодамна претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи изјави дека ниту еден клуб не треба да ги бара за трансфер, бидејќи Нејмар не е на продажба.

„Неј сигурно нема да оди во Реал Мадрид“, потврдува Нејмар Сениор.

Scroll to Top