Top Sport

Нејмар: Некогаш претерувам, ќе го сменам тоа

Фудбалеорот на ПСЖ и бразилската репрезентација Нејмар, признава дека понекогаш претерува со реакциите на теренот, особено кога е фаулиран и рекол дека во иднина тоа ќе се смени.

За време на Светското првенство во Русија, Нејмар, во центарот на вниманието беше не поради своите настапи, туку поради своите актерски способности и театралните паѓања на теренот.

За да одговори на критиките Бразилецот ја искористил рекламата на „Gillette“.

„Со крампони по штитиниците. Удар со нога в рбетот. Газење по стапалата. Можда мислите дека претерувам кога го правам тоа, но вистината е дека навистина патам на теренот. Не можете да замислите низ што поминувам“, вели Најмар и дополнува.

„Кога ќе заминам без да разговарам со медиумите, тоа не поради тоа што сакам само да победувам, туку поради тоа што се уште не научив како да ве разочарам. Кога делува дека не сум љубезен, тоа не е дека сум разгалено дете, туку поради тоа што се уште не научив да се изборам со своите фрустрации. Во мене се уште живее детето, кои понекогаш ќе го воодушеви светот, а некогаш сите ги лути. Мојата борба е тоа дете да живее, но да живее во мене, не на теренот“.

Најскапиот играч во историјата на фудбалот, во спотот целосно ја отворил душата.

„Можеби мислите дека премногу паѓав, но реалноста е дека се распаднав и тоа боли повеќе од тоа кога некој ќе ти застане на оперираниот скочен зглоб. Издвоив време за да ги прифатан критиките, да се погледнам во огледало и да станам нов човек. Сега сум тука со отворено срце. Паднав, но само тие што паднале можат повторно да станат. Можете да продолжите да фрлате со камења или можете да престанете да го правите тоа и да ми помогнете да станам, бидејќи кога ќе станам тогаш целата земја станува со мене“, завршил еден од најдобрите играчи во светот.

Scroll to Top