Top Sport

Кобс ново засилување за Цедевита

Раководството на кошаркарскиот клуб Цедевита донесе уште едно засилување а новата сезона, во која клубот од Загреб ќе се обиде конечно да ја освои титулата во АБА лигата.

Нов играч на Цедевита е Американецот, Џастин Кобс. Овој 27-годишен плејмејкер, минатата сезона го предводеше Ле Ман до шампионската титула во Франција. Во кариерата, Кобс, настапувал и за Гравелин, Баерн Минхен, Истанбул, Франкфуртер и Рига.

Минатата сезона ја завршил со просечни 13,9 поени и пет асистенции по натпревар.

Кобс е осмото засилување за Цедевита во овој преоден рок, по Џош Магет, Тони Витали, Витор Бените, Елџин Кук, Тајлер Вајдеман, Домагој Бошњак и Андрија Ќориќ.

Во новата сезона тренер на Цедевите ќе биде познатиот Шпанец, Сито Алонсо.

Scroll to Top