Нејмар го критикуваше американскиот судијата Џаир Маруфо, откако тој му даде жолт картон за симулација при 5:0 победата на Бразил над Ел Салвадор во Вашингтон.
Напаѓачот на ПСЖ доби жолт картон по половина час игра на „Фед екс филд“ откако не успеа да го убеди Маруфо дека бил фаулиран во шестнаесетникот. Сега, капитенот на Бразил вели дека тоа не било фер и дека е под влијание на тоа што се случуваше на Светското првенство во Бразил, каде што обидите за изнудување на фаул и претераните реакции на Нејмар станаа хит на Интернет.
„Не знаш што треба да направам да ја тргнам таа репутација, но нема да трпам вакви ситуации. Тоа мора да сопре, и судиите треба да си ја гледаат својата работа. Тоа е недостаток на почит, не само кон мене, туку и кон целата репрезентација. Да играш со жолт картон е незгодно. Тоа што не даде пенал можеше да се издржи, но картонот беше претеран“, вели Нејмар за „Глобо еспорте“.
Фото: ЕПА