Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, признал дека не би му било сеедно кога би морал да игра против својот поранешен клуб, Барселона.
Бразилецот, пред неколку дена, ги посетил поранешните соиграчи на „Ноу Камп“ и тогаш истакнал дека нема намера да се врати во Шпанија и покрај шпекулациите дека би можел да го облече дресот на Реал.
„Би ми било тешко кога би морал да играм против Барселона. Разговарам со играчите од својот поранешен клуб и би сакал да се сретнеме на теренот, но не би сакал да играм против Барселона“, рекол Нејмар.
„Кога станува збор за мојата иднина јас имам договор со ПСЖ и ќе останам таму“.
Нејмар минатото лето за рекорден трансфер од 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.