Top Sport

Нејмар одбил да тренира откако не му било гарантирано местото против Дортмунд

Шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“ тврди дека Нејмар одбил да тренира со тимот откако тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел го предупредил дека не му е гарантирано местото за дуелот со Борусија Дортмунд.

Според весникот, 28-годишниот Нејмар бил бесен откако бил изоставен од тимот на ПСЖ при 6:1 победата над Дижон во Купот на Франција овој месец, но Тухел тврдеше дека тој уште се опоравува од повредата на реброто, а откако кажал дека е неизвесн за првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Дортмунд, Нејмар одбил да учествува на тренингот.

По ова, напаѓачот не беше дел од ПСЖ за 4:4 ремито со Амиен, пред да се врати во тимот за дуелот со Дортмунд, кој ПСЖ го загуби со 2:1. „Сагата“ уште еднаш доби пресврт при 4:3 победата на ПСЖ над Бордо, кога Нејмар доби црвен картон во последните секунди од мечот, наводно намерно за да може да учествува на Карневалот во Рио, иако претходно најави дека оваа година ќе го пропушти.

Според „Мундо депортиво“, Тухел полека ги губи нервите од фудбалерот кој не одигра повеќе од 20 лигашки натпревари во една сезона откако пристигна од Барселона за рекордни 222 милиони евра во 2017 година. Тухел веќе го смета Килијан Мбапе за „главен човек“ на тимот, со што можноста Нејмар да се врати во Барселона во текот на летото се уште поголеми. Приказната сигурно нема да заврши тука.

Scroll to Top