Top Sport

Корона вирусот се заканува и на Џиро Д’Италија

Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) потврди дека не е сигурно дали оваа година ќе се вози првата голема тринеделна трка, Џиро Д’Италија по ескалација на случувањата со корона вирусот.

Џирото треба да стартува во Будимпешта на 9 мај и да заврши во Милано на 31 мај, и како и секоја година најатрактивните етапи на кои се одлучува победникот се оддржуваат во северна Италија, област најмногу погодена од вирисуот со вкупно 12 починати луѓе.

Прво, речиси сигурно ќе дојде откажувањето на класичната Милан-Сан Ремо трка на 21 мај, но до Џирото има уште три месеци и ситуацијата може да се смени.

„УЦИ е во контакт со организаторите и со здравствените власти на Италија за да се намали ризикот за проширување на вирусот. Не е можно да се предвиди дали натпреварувањата во оваа земја ќе се откажани“, се вели во соопштението на УЦИ.

Претходно, вчера, Дик Паунд, член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) најави дека и Олимписките игри во Токио во текот на летото се неизвесни, и дека во следните три месеци ќе мора да биде донесена одлука дали е доволно безбедно да се донесат десетина илјади спортисти на едно место во Јапонија, земја која е блиску до главното жариште во Кина.

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио!

Scroll to Top