Нејмар го зголеми притисокот на својот сегашен клуб Пари Сен-Жермен откако призна дека најубави спомени на фудбалскиот терен има од легендарната 6:1 победа на Барса над ПСЖ во Лигата на шампионите.
Дуелот од 2017 година уште се смета за еден од најисклучителните во историјата на ЛШ. Барселона губеше со 4:0 по првиот меч, и до 88. минута заостануваше 5:3 вкупно (односно резултатот беше 3:1). Нејмар постигна два гола за три минути за да израмни, пред да му ја додаде топката на Серхи Роберто за 6:1 победа.
„Моето најдобро сеќавање како фудбалер? Кога победивме против ПСЖ со Барселона. Тоа беше комплетна лудост. Не верувам дека некој од нас се чувствувал подобро. Кога го постигнавме шестиот гол… Неверојатно“, изјави Нејмар.
Ова доаѓа откако Нејмар наводно им соопштил на првите луѓе на ПСЖ дека сака да се врати во Барселона, а клубот го казни за задоцнето доаѓање на тренинзи. Тој вчера на Инстаграм постави фотографија во која е со дрес на Барселона.
Neymar: “My best memory as a footballer? When we won against PSG with FC Barcelona”
— Oh My Goal (@OhMyGoalUS) July 13, 2019