Top Sport

Нејмар ослободен од обвинувањата за силување

Најила Триндаде, пред два месеци, го обвини фудбалерот на ПСЖ Нејмар за силување и целиот случај го пријави во полиција. Бразилската полиција покрена постапка против Нејмар, но по два месеци го затвори случајот поради недостиг на докази.

Триндаде била му била гостинка на Нејмар во Париз, а шокантно делуваше нејзината изјава дека фудбалерот ја силувал во хотелската соба. Нводно таа го молела да престане, но Нејмар немал намера да го направи тоа.

Според нејзината приказна, веднаш се вратила во Бразил, меѓутоа немала доволно храброст веднаш да проговори за целиот случај. Таа открила и снимка од ноќта за која тврди дека била силувана, кога фудбалерот ја удрил, а објави и некои снимки од разговори и фотографии на социјалните мрежи.

Пресврт во целиот случај се случи кога таа поради своите изјави во медиумите остана без адвокат. Да биде ситуацијата полоша и таа доби покана да се појави пред судот поради изјавите дека бразилската полиција била корумпирана.

Бразилските медиуми пренесуваат дека бразилската полиција се откажала од овој случај поради недостиг на докази и Нејмар е ослободен од обвинувањата за силување.

Scroll to Top