Top Sport

Нејмар: Останувам во ПСЖ, без разлика дали постои љубов со навивачите

Бразилецот Нејмар ќе остане Пари Сен Жермен и во новата сезона. Тој има валиден договор и не сака да замине од Париз, иако имаше најави дека можеби ќе следи разделба.

Сепак, тој демантираше дека размислува за заминување од „Паркот на принцовите“.

„Верувам дека ќе останам во ПСЖ, имам договор и никој не ми кажал дека морам да си заминам. Мирен сум, иако сум свесен дека не постои многу љубов од страна на навивачите. Јас ќе бидам дел од ПСЖ, со љубов или беа неа“, изјави Нејмар.

Тој имаше непријатна повреда поради која го пропушти вториот дел од минатата сезона.

Scroll to Top