Top Sport

Нејмар осуден во Бразил, мора да плати милион евра

Бразилскиот федерален суд го осуди на парична казна од еден милион евра, најскапиот светски фудбалер, Нејмар, поради неплаќање на данок од правата на фотографиите.

Нејмар вече има една пресуда за неплаќање на данок од 2011 и 2013 година, а сега е казнет дека користел фиктивни фирми за да плаќа помал данок, со што го оштетил буџетот.

Поради финансиски малверзации поврзани со трансферот во Барселона на Нејмар пред две години му беше запленет имот вреден повеќе од 50 милиони евра.

Бразилскиот напаѓач е само уште еден од врвните светски фудбалери кои избегнуваа да платат данок. Во оваа група е и Лионел Меси, а наскоро би можел да им се приклучи и Кристијано Роналдо против кого се воси процес во Мадрид.

Scroll to Top