Top Sport

Шок! Германците не плаќале данок

Германската фудбалска федерација (ДФБ) ќе мора да плати 19.2 милиони евра данок до германската држава, сума одредена поради контроверзната исплата за организација на Светското првенство во 2006 година.

Федерацијата најави дека ќе се жали на одлуката на даночните власти во Франкфурт, бидејќи тие сметаат дека исплатата од 6.7 милиони евра од ДФБ до светската федерација ФИФА во 2005 не била пријавена и сега долгот е 19.2 милиони евра.

Таа исплата предизвика неколку истраги во Германија последните две години, бидејќи многумина сметаа дека се работи за елегантен начин за „купување“ на првенството. Официјално, парите се дадени за свеченото отварање на првенството, но таква церемонија не беше одржана. ДФБ подоцна разјасни дека се работи за враќање на долг преку ФИФА до поранешниот прв човек на „Адидас“, Роберт Луис-Дрејфус.

Покрај ова, шефот на организациониот комитет, легендарниот Франц Бекенбауер го очекува кривична пријава во Швајцарија околу исплатата на сумите кон ФИФА.

Scroll to Top