Top Sport

Нејмар пак нема да настапи за ПСЖ во Лига 1

Францускиот шампион ПСЖ утре во второто коло од Лига 1 повторно ќе биде без услугите на бразилскиот голгетер, Нејмар (27), пишуваат француските медиум.

Нејмар поминува низ „сапуница“ затоа што за него се заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона, а ПСЖ тактизира во целата ситуација и сака да извлече што повеќе од играчот кој пред 2 години дојде во Париз од Барса за рекордни 222 милиони евра.

Бразилецот не настапи за „светците“ ниту во првото коло, а тренерот Томас Тухел најави дека Нејмар нема да настапи ниту на утрешното гостување кај Рен.

Scroll to Top