Top Sport

Србија ја здроби Италија на Акрополис куп со+32, Јокиќ постигна 20 поени

Кошаркарската репрезентација на Србија го оствари вториот триумф на Акрополис купот во Атина. Во вториот меч на турнирот совладана е селекцијата на Италија со високи 96-64. Во првиот меч Србија вчера славеше со 87-72 над селекцијата на Турција.

Во првата четвртина во ОАКА арената имаше голема борба, но веќе во вториот дел српската репрезентација наговести дека триумфот нема да и избега.

Резултатот на полувремето на мечот беше 46-33 за Србија.

Во продолжението од мечот, Србите со сигурна игра на сите позиции го поразија противникот со високи +32.

Најефикасен кај Србија беше Никола Јокиќ со 20 поени, а Богдан Богдановиќ постигна 15. Двоцифрени кај „орлите“ беа и Немања Бјелица, Марко Гудуриќ и Бобан Марјановиќ со по 13 поени, а Василије Мициќ постигна 11.

Кај Италијаните, Марко Белинели постигна 16 поени.

Scroll to Top