Пари Сен-Жермен му дозволи на Нејмар да се врати во Бразил откако се врати на тренинзи во францускиот клуб, за да добие време да се подготви за Светското првенство.
„Нејмар делумно учествстуваше на тренинзите со своите колеги на ’Паркот на принцовите’ и ги почна физичките подготовки со топка. Тоа што е недостапен за дуелот со Каен во последното коло, значи дека може да се врати во Бразил за да продолжи со рехабилитација со националиот тим“, се вели во соопштението на ПСЖ.
Нејмар, кој дојде во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра минатиот август, а е во аут од 25 февруари, кога го скрши стапалото. Тој треба да е прва ѕвезда на „Селесао“ на Мундијалот.
Фото: ЕПА